Осумнаесетгодишник ќе му се придружи на Џеф Безос на првото туристичко патување во вселената организирано за 20 јули и така ќе стане најмладата личност која имала вакво искуство, пренесе BBC.

Оливер Демен ќе патува наместо анонимниот победник од аукцијата кој за тоа место плати 28 милиони долари.

Победникот не можел да патува поради „гужва во распоредот“, објави компанијата Blue Origin. Момчето претходно обезбеди место на вториот лет, но по повлекувањето на победникот од аукцијата, е префрлено на првиот лет.

Освен осумнаесетгодишникот, со Безос ќе патува и 82-годишната Воли Фанк, која ќе стане најстарата личност којашто патувала во вселената. Останатите патници се Џеф Безос и неговиот брат Марк.

Blue Origin планира да ги лансира патниците над 100 километри од Земјината површина, овозможувајќи им да искусат микрогравитација

Потоа капсулата ќе се врати на Земјата со помош на падобран, а патувањето би требало да трае околу 10 минути.