Популарната апликација за пораки WhatsApp постојано додава нови функции кои го подобруваат корисничкото искуство. Овој пат фокусот е на подобрување на приватноста на корисниците.

Додадена е опција, која ќе им овозможи на корисниците тивко да го напуштат групен разговор. Тоа значи дека корисниците ќе можат да го напуштат разговорот без преголеми непријатности, а за тоа ќе бидат информирани само администраторите на групите, а не и останатите учесници во разговорот.

Секако, ако некој од учесниците во разговорот сака да види кој е во разговорот, ќе може да види дека недостасуваат некои корисници, бидејќи тие го напуштиле разговорот претходно незабележано.

Дополнително, WhatsApp ќе им овозможи на луѓето да го кријат статусот „last seen“ од одредени корисници. Кога оваа опција е вклучена, учесниците во разговорот нема да видат кога корисникот е активен.

Во моментов, поставките за WhatsApp се автоматски поставени така што профилот на корисникот автоматски ја прикажува неговата активност.

Споменатите функции треба да пристигнат на WhatsApp во текот на овој месец.