Фановите на OnePlus со нетрпение очекуваат компанијата конечно да го претстави својот прв паметен часовник. Вестите за OnePlus Watch моделот прв пат се појавија пред неколку години, но уредот никогаш не е објавен. Во неодамнешното интервју за Input Mag, Извршниот директор на OnePlus, Пит Лу официјално го потврди постоењето на OnePlus Watch уредот.

Неодамна протечените информации сугерираа дека OnePlus Watch нема да го користи Google WearOS. Меѓутоа, Лу сега потврди дека OnePlus паметниот часовник ќе пристигне со WearOS платформата. Исто така, откри дека компанијата соработува со Google за да им обезбеди на корисниците подобрено искуство на користење на паметниот часовник.

Една од областите на кои компанијата соработува со Google е подобрената поврзаност помеѓу WearOS уредите, Android TV и Android телефоните. Лу навести дека OnePlus Watch би можел да биде опремен со функции на следење на фитнес параметрите.