Гласините за претстојниот дрон Mavic 3 кружат веќе некое време, а сега е откриен неговиот изглед како и некои спецификации. 

DJI официјално ќе го претстави Mavic 3 дронот во ноември, а во пресрет на тој настан протекоа одредени детали.

Mavic 3 ќе има подобра батерија од својот претходник и USB-C полнење, како и две камери, главна широка со Fourt Thirds сензор и една телефото камера. На пазарот ќе се најде во стандардниот „fly more“ пакет и во новиот „Сине“ пакет. Како што е случајот со актуелниот Mavic 2, пакетот „fly more“ носи дополнителни кабли, батерии, пропелери и други додатоци кои не доаѓаат со самостојниот модел.

За разлика од моделот Mavic 2 Zoom, кој имаше поинаков модул за камерата, информациите велат дека cine моделот поседува дополнителни внатрешни функции кои ќе го направат подобар за снимање видео. Ќе поддржува ProRes, видео кодек кој неодамна стана дел од iPhone. Фотографиите покажуваат дека дронот ќе биде придружуван од Smart Controller на DJI, кој има екран и различна конфигурација на портови.

Познато е и дека Cine моделот ќе има 1 TB внатрешна меморија, наместо 8 GB што ги има стандардниот модел. Сепак, двата модела поддржуваат microSD картички. За жал, новите функции и подобрувања веројатно ќе резултираат со повисока цена.