Очилата со поддршка за проширена реалност првично ќе се користат за опции како превод во живо, навигација и слично.
Пред десет години Google го претстави прототипот на своите први паметни очила. Тие веруваа дека станува збор за нова категорија уреди по телефоните и таблетите, која ќе привлече милиони луѓе. Наместо тоа, очилата наидoa на многу критики во јавноста, најмногу поради можноста за фотографирање и видео, што многумина го видоа како грубо кршење на приватноста, па Google на крајот се откажа од тој проект.
Wow – the form factor is nearly perfect. The no photos or video limitation limits usefulness, but I ? get why after the original Google Glass fallout. https://t.co/jFXcG3d1Os#ar #AugmentedReality
— Jeff Lewis (@consultutah) July 20, 2022
На I/O конференцијата во мај тие претставија прототип на новата генерација паметни очила, а оваа недела објавија дека се подготвени да ги тестираат „во реални услови“. Тестовите ќе започнат во текот на следниот месец и треба да покажат како очилата можат да им помогнат на луѓето во секојдневниот живот, односно во различни ситуации со кои се соочуваат секој ден. Очилата се првенствено наменети за превод во живо и навигација.
Џастин Пејн, менаџерот на Google за зголемена и виртуелна реалност, нагласи како тестовите ќе им помогнат да ги подобрат искуствата како AR навигацијата. Тој посочува дека факторите како временските услови и сообраќајните раскрсници многу тешко се тестираат во затворени простори, па затоа очилата и технологијата треба да се тестираат во реални услови.
На почетокот очилата ќе ги тестираат мал број луѓе – вработени во Google и луѓе на кои Google им верува, а ќе бидат опремени со камери, микрофони и екран во самите очила. Меѓутоа, при тестирањето, користењето на тие опции ќе биде ограничено, па нема да може да се прават фотографии и видеа со очилата.