На интернет веќе со месеци се шпекулира за чудниот прототип на новата конзола на PlayStation 5 во облик на буквата V, а сега изгледа дека сите приказни добиваат смисла.

На Twitter се појавија фотографии кои наводно прикажуваат два развојни уреди на PlayStation 5. Том Ворен од порталот The Verge подоцна потврди дека тоа навистина се исти PS5 развојни комплети за кои веќе долго се шпекулира.

Објаснување за необичниот пресек? Обликот на буквата V помага при ладањето. Попатно делува како добро место за ставање на вашата пегла, пишува Gizmodo.

Шегата на страна, станува збор за развојни модели, па прототиповите често многу се разликуваат од конечниот дизајн.

Sony веројатно ќе изнесува повеќе детали како се приближува датумот за претставување – Божиќ 2020. година, а се очекува дека PlayStation 5 ќе може да се пофали со нови CPU и GPU, 3D звук, и можеби највозбудливото SSD диск.

Исто така, се шпекулира дека прототиповите имаат и вградени камери, што сугерира дека новиот систем на Sony можеби ќе има вградена поддршка за видео-стриминг, кој е се попопуларен благодарение на платформи како Twitch, Mixer и YouTube.