Официјалната објава на серијата Honor 60 ќе се случи на 1 декември, а како што се приближува лансирањето, бројот на информации за Honor 60 серијата постепено се зголемува.

Според овие фотографии кои денес ги добивме на интернет од неколку кинески блогери, Honor 60 серијата е многу слична на Honor 50, а тоа првенствено се однесува на поставките на камерите на задната камера.

Четири бои, со интегрирање на светликави елементи во задниот дел, ни даваат јасна претстава за кого компанијата го наменила овој модел, а тоа е помлада публика која сака гламур и докажување, пренесува Sparrow news.

Со менување на аголот на светлината, задната обвивка на телефонот Honor 60 наликува на ноќно небо полно со ѕвезди, а што се однесува до предниот дел на уредот, екранот на Honor 60 е сличен на првата генерација дизајн на Honor премиум уредите, со заоблени рабови, но сепак многу убаво лежи во раката.

Според дојавувачот Digital Chat Station, Honor 60 и 60 Pro ќе имаат заоблен екран со FHD+ резолуција, освежување од 120Hz и прв Snapdragon 778G Plus чипсет + 66W полнење + 50MP предна камера + 108MP задна камера. На врвот на екранот ќе има селфи камера во засек во форма на отвор.

Вреди да се спомене дека Honor 60 серијата ќе ја поддржува функцијата Vlog gesture, за контрола на камерата со гестови со рацете.