Fortnite го собори рекордот со тоа што стана игра со најмногу симултани играчи, а се зголеми и бројот на гледачи на платформата Twitch.

Во еден момент, дури 5,8 милиони играчи беа активни во оваа видео игра, што е најмногу од излегувањето на Fortnite.

Од оваа бројка, речиси четири милиони го играле режимот Battle Royale, а новиот рекорд е поставен само еден ден откако играта ја врати мапата што ја немало од 2019 година.

Покрај ова, Fortnite стана и најгледаната видео игра на платформата Twitch, што, додуша, веројатно треба да биде благодарение на стримерите како Ninja.

Epic Games ја планира оваа „сезона на Fortnite OG“ само во текот на ноември, но можеби ќе го продолжат времетраењето на старата мапа сега кога го видоа големиот успех што го постигна.