Според аналитичката компанија Counterpoint Research, европскиот пазар на телефони го забележа најлошото прво тримесечје во речиси десет години.

Пазарот забележа пад од 12% во однос на последните три месеци од претходната година. Беа испорачани само 49 милиони телефони, што доведе до тоа да биде најлошиот прв квартал од 2013 година. Само еден од Топ 5 брендовите порасна – Realme го удвои својот удел на пазарот.

Samsung остана на врвот на производителите кога станува збор за Европа. Сепак, јужнокорејската компанија сепак забележа пад на испораките од 16% во споредба со првиот квартал од минатата година.

Од друга страна, Apple имаше процентуално подобар резултат во однос на истиот период лани, но затоа и компанијата од Купертино имаше послаба испорака, со пад од шест проценти.

Се наведува дека на ваквите пазарни резултати влијаеле повеќе фактори – залихите на компоненти се сè уште ниски, а тоа дополнително се влоши со повторното заклучување во Кина поради пандемијата на Ковид. Зголемена инфлација има и поради конфликтот во Украина.

Аналитичарите сметаат дека ситуацијата ќе биде уште полоша во текот на вториот квартал. Конфликтот во Украина ја намалува достапноста на суровини, додека земјите во Европа бележат нагло зголемување на трошоците за живот и се помалку луѓе се одлучуваат да купат нов телефон.