Првиот човек на Microsoft за Xbox конзолата, Фил Спенсер, го најави доаѓањето на Xbox уредот за стриминг на игри.

Спенсер објави фотографија од уредот на Twitter, а сместен е на полица во неговата канцеларија во Microsoft. Станува збор за мала бела „кутија“ која наликува на конзолата Xbox Series S и ќе биде наменета за пристап до игри преку услугата Xbox Cloud Gaming на Microsoft.

Microsoft првично навести за Xbox стриминг уред минатата година, но многумина погрешно го протолкуваа дека значи стик што директно ќе се приклучи на HDMI порт. Иако Microsoft сè уште работи на оваа Xbox стриминг конзола, со кодно име Keytone, јасно е дека тоа ќе биде „кутија“ уред кој ќе се поврзува со монитори и ТВ уреди.

Исто така, уредот за стриминг Xbox најверојатно ќе има пристап до медиумски апликации како Netflix, како и лесен кориснички интерфејс за водење на Xbox игри. Microsoft го спомена името Keystone претходно оваа година, но рече дека сè уште се прават промени на уредот. Извори блиски до Microsoft изјавија за The Verge дека тимот продолжува да го развива уредот за стриминг и дека компанијата планира да го донесе на пазарот.

Microsoft претходно ја лансираше апликацијата Xbox TV, која е достапна на овогодинешните модели на телевизори и монитори на Samsung. Оваа апликација извршува игри од услугата Xbox Cloud Gaming и поддржува пренос на игри со резолуција од 1080p и 60 fps. Треба да се најавите на вашиот профил на Microsoft во апликацијата и да започнете да пренесувате игри на Xbox исто како што би правеле преку Xbox Cloud Gaming во прелистувачот.

Сè уште нема официјални информации од Microsoft, но официјалниот профил на Xbox На Facebook испрати твит до Спенсер кој гласи: „Што рековме за ставање стари прототипови на вашата полица шефе?“, а тоа дефинитивно кажува нешто.