Apple го претстави својот нов M2 чип претходно овој месец, а според протечените податоци од Geekbench, компанијата со право се фали кога се работи за перформансите на процесорот.

Според се, M2 е неверојатно побрз во споредба со чипот M1, а некои статистики на Geekbench се на исто ниво со резултатите објавени од Apple.

Протечените бенчмарк резултати сугерираат дека M2 има работен такт од 3,49 GHz (додека M1 имаше брзина од 3,2 GHz). Перформансите за едно јадро откриваат зголемување од 11,5 проценти, додека статистиката за повеќе јадра покажува зголемување од 19,45 проценти.

На почетокот на овој месец, кога беше претставен M2, Apple тврдеше дека новиот модел е приближно 18 отсто побрз од неговиот претходник. Со други зборови, бројките на Apple се совпаѓаат со оние на Geekbench.

Се очекува дека нема да мора да чекаме долго пред да дознаеме дали сите овие статистики се точни. Според Apple, чипот M2 треба да дебитира во MacBook Air од 2022 година и 13-инчниот MacBook Pro.