Иако се чинеше дека купувањето на Твитер е веќе завршена работа, Илон Маск во последно време доста ја комплицира работата. Сепак, се се движи кон тоа овој милијардер да го преземе Твитер, а сега откри и кои се неговите цели. Дали Twitter ќе стане сличен на TikTok и WeChat?

На виртуелен состанок со вработените во Твитер, едно од прашањата за Маск беше како планира да ја зголеми корисничката база на платформата и да ги задржи луѓето на неа уште повеќе. Маск одговори дека Твитер треба да понуди повеќе корисна содржина и да се погрижи луѓето да се забавуваат и да се информираат повеќе за неа.

Маск на тој начин направи споредба со WeChat и изјави дека нема замена за WeChat надвор од Кина, па ако успее тоа да го направи Twitter, ќе биде голем успех.

Дополнително, Маск го пофали алгоритмот на TikTok, нарекувајќи го „досаден“, но на позитивен начин, па додаде дека на сличен начин би можеле да го подобрат Twitter, за да привлечат дополнителни корисници. Тој изјави дека Твитер е многу подобар во презентирањето сериозни информации на корисниците.

За време на разговорот Маск изјави дека во следните пет до 10 години Твитер треба да придонесе за посилна и подолготрајна цивилизација во која сите подобро ќе ја разбереме реалноста. Тој додаде дека сака Твитер се повеќе да се потпира на претплати и плаќања.

Што се однесува до вработените и работата во компанијата, тој рече дека сака да ја направи компанијата финансиски подисциплинирана, но дека не е целосно против некои работници да продолжат да работат од дома.

Сè на сè, идеите на Маск што им ги пренесе на вработените јасно сугерираат дека Твитер би можел да претрпи фундаментални промени, се разбира доколку Илон Маск ја преземе компанијата.