WhatsApp има проблеми со својата работа, како што објави сајтот DownDetector, кој го следи функционирањето на бројни сајтови на Интернет.

Корисниците од речиси сите делови на светот известуваат дека имаат проблем со функционирањето на WhatsApp – не можат да праќаат или примаат пораки.

WhatsApp сè уште не објави ништо, па нема официјални информации што го предизвикува проблемот со функционалноста на апликацијата.