Во јануари во Јужна Кореја беше усвоен закон кој им дозволува на судовите да ги казнуваат директорите или високите менаџери на компаниите доколку работниците бидат повредени или смртно настрадаат на работа.
Новиот закон кој предвидува и затворски казни ги принуди јужнокорејските компании да инвестираат во роботи и да ги заменат луѓето со нив.
„Низ нашата историја, секогаш сме наоѓале начини да останеме напред. Автоматизацијата е следниот чекор во тој процес“, рече Ким Јонг Рае, извршен директор на Speefox.
„Законот е огромен проблем во бизнисот. За наша среќа, веќе сме во процес на автоматизација, па бевме подготвени кога дојде новиот закон“, рече Ким Хјо-џин, директор на Speefox и ќерка на Јонг-Рае.
Компаниите поради новиот закон бараат начин да имаат што помалку работници или воопшто да немаат.
„Компаниите се движат кон намалување на човечките работници и постои неподготвеност да влезат во проекти со висок ризик“, рече професорот Јунг Џин-ву од Националниот универзитет за наука и технологија во Сеул.
Законот првично беше промовиран како голем чекор во борбата за правата на работниците, но компаниите, главно производители и градежни компании, не се согласуваат, тврдејќи дека префрлањето на одговорноста на лидерите е неправедно и нејасно.
Познато е дека јужнокорејските фабрики немаат висок степен на безбедност, што е сосема неразбирливо бидејќи се работи за технолошки напредна земја.