Минатиот месец, Google Pixel 6 Pro се појави во видео, а сега истиот извор во ново YouTube видео покажува фотографии и видео записи креирани со овој телефон.

Новите примероци од фотографии ги објави YouTube влогерот М. Брендон Ли, а според неговите зборови, материјалот е добиен од извор од Нигерија. Покрај фотографиите и видеата, Ли ни дава увид и во корисничкиот интерфејс на камера апликацијата.

EXIF податоците на фотографиите од Google Photos откриваат дека сликите се креирани во 12.5MP резолуција. Тоа ги потврдува претходните наводи и тврдење дека Pixel 6 Pro ќе има 50MP главна камера.

Кога е во прашање квалитетот на фотографиите и видеата, треба да се истакне дека оваа содржина е креирана од модел на телефон кој се уште е во фаза на развој пред објавата и сигурно е дека комерцијалната верзија на уредот ќе понуди подобри резултати.

Целосното видео, со примероци на фотографии, видеа и други детали за Google Pixel 6 Pro, погледнете ги погоре.