Апликацијата Maps на Google доби нова функција која ги проценува трошоците за патарина на одредена рута.

Функцијата почна да се појавува на уредите со iOS и Android, а Google ја најави во април. Проценката на трошоците за патарина се заснова на „доверливи информации добиени од локалните власти“ и го вклучува бројот на наплатните станици и времето од денот.

Од друга страна, опцијата за избегнување на патарините при пресметување на рути се уште е достапна. Google Maps претходно предупредуваше за патарините, но не ја пресметаа нивната сума.

Засега, новата функција е достапна на 2.000 рути во САД, Индија, Јапонија и Индонезија на апликации за iOS и Android, а наскоро ќе биде проширена во повеќе земји.