Истражувачите и аналитичарите за сајбер безбедност почнуваат да објавуваат се повеќе извештаи за растечките трендови во оваа област. Овој пат на ред се мобилните телефони.

Компанијата SecureList, која работи во рамките на Kaspersky концернот, посочува дека во досегашниот период од 2022 година е забележан тренд на намалување на присуството на малициозен софтвер на мобилните уреди. Од друга страна, има зголемување на тројанците.

Која е разликата помеѓу малициозен софтвер и тројанец? Тројанец е вид на малициозен софтвер, кој обично се крие во позадина каде што краде податоци и овозможува далечинско управување и пристап до системот преку код.

Малверот е сеопфатен термин за сите малициозни софтвери. Најчесто се репродуцира себеси, како вирус, и во многу случаи ќе предизвика тројанецот да го зарази компјутерот, да ги уништи или брише фајловите и многу повеќе. Малверот обично е потешко да се открие од тројанецот.

Како што сугерираа многубројните извештаи во претходниот период, тројанците и малверот што ги крадат банкарските податоци на корисниците се многу чести. Најчестиот начин на инсталирање на овие тројанци е преку лажни банкарски апликации или антивирусни апликации.

Целосниот извештај на SecureList е достапен овде.