Минатата недела, платформата Amazon.com објави дека ќе престане да ги снабдува трговците на мало во Кина со Kindle ридери и дека ќе ги затвори своите онлајн е-книжарници за корисниците од таа земја следната година.

Компанијата ја објави одлуката на својата официјална сметка на We Chat, не наведе конкретна причина, но рече дека го прилагодува стратешкиот фокус на својот бизнис и дека ќе продолжи со другите деловни линии во Кина, пренесува Ројтерс.

Според најавата, онлајн книжарницата Kindle China ќе престане да продава е-книги од 30 јуни следната година, иако клиентите ќе можат да продолжат да ги преземаат сите купени книги уште една година потоа.

Се додава дека ќе ја отстрани и апликацијата Kindle од кинеските продавници за апликации во 2024 година.

„Остануваме посветени на нашите клиенти во Кина. Како глобален бизнис, периодично ги проценуваме нашите понуди и се прилагодуваме каде и да работиме“, рече портпаролот на Амазон во изјава пратена преку е-маил.

Тој додаде дека со нивното портфолио на компании во Кина, тие ќе продолжат да иновираат и инвестираат таму каде што можат да пружат вредност за своите клиенти.

Според британската агенција, портпаролот одбил да ја коментира одлуката.