НАСА планира да испрати човечки екипаж на Марс во 2030 година. Тоа значи дека првото лице што ќе стапне на планетата е веќе родено. Но, многу од мисиите во вселената биле неуспешни. Како да се инспирираат следните генерации да гледаат во ѕвездите?

Напредната технологија можеби е доволна инспирација. Денешните деца можат да симулираат одење на Марс со помош на виртуелна реалност.

STEM е акроним за „наука, технологија, инженеринг и математика“ (science, technology, engineering, and mathematics). Терминот е креиран од Националната научна фондација во раните 2000-ти години. Од STEM веруваат дека децата треба да бидат изложени на вакви нешта уште од рана возраст. Па така, креирана е програма за деца наречена „Generation Beyond“. Најимпресивна иницијатива на програмата е апликацијата „Одење на Марс“, која овозможува забавна, интерактивна и едукативна тура низ Црвената Планета преку виртуелно искуство.

Преку апликацијата се искусува компјутерски генериран пејзаж од Марс, па може да се шетате наоколу и да собирате различни виртуелни артефакти. Како што ја истражувате површината на Марс, така наратор ја раскажува историјата на претходните мисии и досега научени информации.

Исто така, освен оваа апликација, можете да симнете и лекции за наставници или родители кои овозможуваат збогатување на знаењето за Марс. Има опција и за играње интерактивни игри и гледање едукативни видеа.

ИЗВОР: Факултети.мк