За сите љубители на серијалот Final Fantasy, Square Enix објави малку повеќе информации за играта Final Fantasy XVI.

Како дел од најновиот трејлер за Final Fantasy XVI, имаме можност да ги видиме првите детали од борбата која ја краси брза акција во реално време. Трејлерот исто така дава повеќе увид во мистериозните Eicons – моќни чудовишта кои живеат во човечки контролори наречени Dominants (Доминантни).

Final Fantasy XVI беше објавен во 2020 година. Креативен директор на играта е Наоки Јошида, што им дава надеж на љубителите на серијата дека овој single-player наслов ќе биде прифатен и прославен како MMORPG Final Fantasy XIV (кој исто така го предводеше Јошида).

Final Fantasy XVI ќе биде игра ексклузивна за PlayStation 5, а ќе биде објавена во текот на летото 2023 година.