Претходно оваа година, во февруари, видовме протечени презентации на инвеститорите кои го открија roadmap-от за уредите со брендот Motorola. Според тие документи, Motorola требаше да претстави три брендирани паметни часовници, но роковите се поместени, а новиот Moto Watch 100 би можел да биде најавен порано отколку што мислевме.

eBuyNow, канадска компанија, прв пат го лансираше Motorola Moto 360 (трета генерација) уште во 2020 година според договорот за лиценцирање потпишан со Motorola. Неодамна компанијата потпиша и едногодишно продолжување, што значи дека компанијата може да произведува нови производи до декември 2025 година.

Според соопштението на инвеститорот, како што пренесува 9to5Google, целосно новиот „Moto Watch 100“ ќе биде најновиот додаток што ќе го носи името и логото на брендот и ќе биде „дизајниран за почетното ниво на цена“ со „премиум чувство“. Новиот Moto Watch 100 е „планиран за масовно производство во ноември 2021 година“.

Друга презентација открива дека „Moto Watch 100“ се нарекува уште и „Moto G Smartwatch“, кој можеби е планиран да биде достапен во јуни. Паметниот часовник има кружен дисплеј и има две заеднички копчиња на десната страна. Нема други копчиња, ротирачки рамки или круни за полесно управување со часовникот.

Моментно не е јасно дали паметниот часовник ќе го покренува WearOS 3.0, но малку е веројатно дека ќе се испорачува со него. Меѓутоа, веројатно часовникот ќе се квалификува да добие ново ажурирање на OS, под претпоставка дека доаѓа со поддржаниот чипсет. Уште една регулаторна сертификација открива дека часовникот ќе има оценка од 5 ATM (отпорност на вода), GPS и сензор за отчукувањето на срцето во алуминиумска шасија. Moto Watch 100 ќе биде достапен во Phantom Black и Steel Silver опции, а ќе има Bluetooth 5.2 и батерија од 355 mAh.