Ерупцијата на вулкан во Тонга во јужниот дел на Пацификот научниците ја окарактеризираа како најсилната експлозија во атомосферата досега забележана од современите мерни уреди.

Експлозијата беше далеку поголема од која било друга вулканска ерупција во 20 век, но и од било кое тестирање на атомска бомба што било извршено досега.

Во поновата историја, само ерупцијата на вулканот Каракатоа во 1883 година имаше слични атмосферски последици.

Ерупцијата на Каракатоа ги однесе животите на повеќе од 30.000 Индонезијци. За среќа, ерупцијата на подводниот вулкан Хунга Тонга-Хунга Ха’апаи однесе само неколку животи, иако предизвика силни цунами.

Звукот од експлозијата по ерупцијата на вулканот Хунга Тонга се слушнал на 10.000 километри оддалечената Алјаска.

Глобалната мрежа на детектори кои го надгледуваат можното тестирање на нуклеарно оружје сними инфразвучни сигнали кои беа малку послаби од она што го слуша човечкиот слух.

Исто така, податоците покажуваат дека ерупцијата предизвикала атомски бран споредлив со оној што го направи најсилната досега тестирана нуклеарна бомба „Tsar“, но бранот од Тонга траел четири пати подолго, пренесува Би-Би-Си.