Адата XPG брендот претстави нов, тенок и лесен ултрабук компјутер, под името XPG XENIA Xe. Лаптопот го карактеризира модерен дизајн на CNC анодизирано алуминиумско куќиште  (дебелина од 14,9 мм и тежина од 1,65 кг).

Лаптопот користи Intel Core i5-1135G7 и i7-1165G7 од 11. генерација, Intel Iris Xe GPU, 1080P Full HD IPS 15,6-инчен дисплеј и XPG PCIe Gen4 M.2 SSD.

XPG XENIA Xe е еден од ретките лаптопи во оваа класа со LPDDR4x 4266MHz меморија. Уредот ја користи WIndows платформата, а има i поддршка за Thunderbolt 4, Intel Wi-Fi 6, Hi-Fi звучници, инфрацрвена веб-камера и друго.

Литиумската батерија, со капацитет од 73,41Wh, го напојува лаптопот и се полни со преносен полнач со брзина од 65W. Детали за цените и достапноста на XPG XENIA Xe ултрабук лаптопот ќе бидат објавени подоцна.