Realme пред две недели го претстави GT Neo2, а сега Извршниот директор на компанијата, Madhav Sheth потврди дека телефонот овој месец ќе пристигне во Индија. Иако не ја спомена објавата на уредот за европските пазари, извештаите споменуваат дека телефонот пристигнува и во овој регион.

Според гласините, Realme GT Neo2 ќе чини 369 евра или 459 евра, во зависност од изборот на меморија и просторот за складирање (8/128 GB и 12/256 GB). Телефонот ќе биде достапен во три бои – црна, сина и зелена (Black Mint).

Кога Realme GT Neo2 ќе пристигне во Европа, тоа ќе биде првпат Neo моделот да биде достапен за овие пазари – корисниците во Европа не го добија оригиналниот GT Neo, ниту неговата преименувана верзија X7 Max.

Во моментов, Realme во Европа го нуди GT Master по цена од 309 евра и премиум GT 5G по цена од 429 евра. Ова значи дека GT Neo2 би можел да ја пополни празнината помеѓу двата модела.