Илон Маск рече дека Твитер секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но дека може да има промена на цените за деловните и владините корисници.

„Твитер секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но може да има помала промена на цените за комерцијалните и владините корисници“, вели новиот сопственик на Твитер.

Компанијата одби да коментира за ова прашање откако беше контактирана од Ројтерс.

Маск почна да дава предлози за промени на Твитер минатиот месец.

Откако ја додаде оваа социјална мрежа на списокот на компании што ги поседува, Маск рече дека сака да ја подобри платформата со нови опции, да промени одредени алгоритми, да отфрли ботови и да ја верификува сметката на сите.

Минатиот месец, пред да постигне договор за купување на Твитер, Маск предложи неколку промени на премиум претплатата услуга Twitter Blue, вклучувајќи и намалување на цената.

Тој, исто така, во понеделникот рече дека ќе го направи транспарентен начинот на кој одредени твитови се промовираат или деградираат и дека софтверот на Твитер ќе го направи достапен за јавноста.