Во последно време професионалните оверклокери почнаа да поставуваат нови рекорди кога се во прашање брзините на меморијата DDR5, кои надминуваат 10.000 MHz.

Откако тимот на MSI неодамна беше првиот што постави рекорд во оверклокување на DDR5 меморија над 10.000 MHz, Gigabyte наскоро постави нов рекорд за брзина на меморијата DDR5, кој сега изнесува 10.022 MHz.

Според статистиката на HWBot, новиот рекорд го поставил професионален оверклокувач од Gigabyte, со прекар HiCookie. Оверклокерот користеше процесор Intel Core i9-12900K и 16GB DDR5-4800 Gigabyte Aorus RGB меморија на матичната плоча Gigabyte Z690 Aorus Tachyon за својот потфат.

HiCookie користеше Windows XP Professional за оперативниот систем. Како што се очекуваше, процесорот и меморијата беа ладени со течен азот (LN2) за да се постигнат екстремни брзини.

DDR5 меморијата, наменета за потрошувачите, сè уште е далеку од стандардното достигнување на овие брзини и моментално постигнува брзини до 7000 MHz. Сепак, DDR5 технологијата полека напредува и созрева, па се очекува во иднина да достигне уште поголеми брзини со понапредните DDR5 платформи.