Откако Илон Маск го купи Твитер, тинејџер кој го следи неговиот авион и објавува податоци на оваа социјална мрежа од страв да не остане без профил, креирал профили на други платформи.
Деветнаесетгодишниот Џек Свини ја стекна славата благодарение на следењето на приватниот авион на Маск и објавувањето информации за него на Твитер. Откако Маск ја купи оваа социјална мрежа, Свини реши да се „обезбеди“ и креираше профили на други социјални мрежи во случај неговиот Твитер профил да биде избришан.
Тинејџерот сега има готови профили на Инстаграм, Фејсбук, Телеграм и некои други платформи.
Just in case this account disappears on Twitter, it doesn't mean the end of ElonJet
Also on the following.
Instagram https://t.co/o2Xll4uuBW
Facebook https://t.co/OQZor85VBR
Telegram https://t.co/qE8JL6h8tm
Other links https://t.co/a6Cb3Nrdwg— ElonJet (@ElonJet) April 25, 2022
Маск претходно му понуди на Свини 5.000 долари за да престане да твита за локацијата на неговиот приватен авион, наведувајќи го „безбедносниот ризик“ како причина, но младиот човек побарал 50.000 долари.
Според правилата на Твитер, профилот не може да биде одговорен за споделување на приватни информации бидејќи деталите за авионот на Маск се веќе јавно достапни. Сепак, профилот на Elonjet извлекува податоци од голема количина на информации за авионите наречени ADS-B, што ги прави видливи за контролорите на летот и другите авиони.
Но, Маск сега може да ги промени правилата на Твитер, предизвикувајќи страв кај тинејџерот.
Маск е популарна личност на Твитер, а профилот Elonjet го следат повеќе од 428.000 луѓе.
За да избегне губење следбеници, Свини неодамна повторно го контактираше Маск за да „склучи договор“.