Компанијата Motorola официјално го претстави смартфонот Edge 30, поевтин модел во споредба со Edge 30 Pro.

Станува збор за уред од средна класа, кој во Европа пристигнува по цена од 449 евра. Edge 30 има помал OLED екран од 6,5 инчи со резолуција од 1.080p и стапка на освежување од 144Hz, а се напојува со процесор Snapdragon 778 кој е малку послаб од Snapdragon 8 Gen 1 во водечкиот Edge 30 Pro.

Назад се наоѓа главна камера од 50 MP со оптичка стабилизација на сликата, ултра широк 50 MP, како и сензор за длабочина од 2 MP.

Селфи камерата од 32 MP се наоѓа на предната страна, додека водечкиот Edge 30 Pro има селфи камера од 60 MP.

Овој паметен телефон може да снима 4K и flagship 8K видео.