Претстојниот таблет на компанијата Lenovo се појави на Geekbench листинг, а пристигнува со Android 11 софтвер од стартот.

Неименуваниот таблет ја носи ознаката на модел TB-7306F, а го карактеризираат MediaTek Helio A22 чипсет и 2GB RAM. Таблетот на Geekbenchu оствари 144 поени на single-core тестот и 498 поени на multi-core тестот.

Спецификациите на уредот се исти како кај Tab M8 моделот, што укажува на тоа дека TB-7306F би можел да биде негов наследник. Минатогодишниот модел имаше 8-инчен IPS панел во HD и FHD+ конфигурации, заедно со 16GB/32GB простор за складирање и 5000mAh батерија.

Останува да се види што има Lenovo во план, а повеќе детали за новиот Lenovo Tab модел се очекуваат во следниот период.