Инстаграм тестира нова функција, која ќе им овозможи на корисниците да прикачуваат објави на својот профил, според TechCrunch.
Функцијата, која моментално е достапна само за некои како дел од тестот, им овозможува на корисниците да означат одредена објава на врвот на нивниот профил. Опцијата е слична на закачените (пинуваните) твитови или видеата на ТикТок.
Обележувањето поединечни објави на Инстаграм на врвот на профилот може да им овозможи на креаторите да привлечат внимание на содржината без да бараат од корисниците да се движат низ претходните објави за да го најдат она што го сакаат.
Мета потврди дека ја тестира опцијата, а по се изгледа дека веќе неколку месеци работи на функцијата, бидејќи тоа е забележано во јануари.
Инстаграм веќе им овозможува на корисниците да ја истакнуваат „story“ содржината што се појавува над објавите, а креаторите често ја користат функцијата за да организираат популарни содржини како што се прашања и одговори, извори, настани и друго.
Поврзани артикли