Corning ја претстави следната генерација на Gorilla Glass заштита, под името Victus. Новото алуминосиликатно стакло ветува значително подобрена отпорност на гребнатини и издржливост при пад на тврди подлоги во споредба со конкурентските стакла и Gorilla Glass од претходните генерации.

На тестовите, Gorilla Glass Victus покажа дека може да преживее пад на тврди површини со височина од два метра. Останатите стакла вообичаено можат да издржат пад од височина до 0,8 метри, додека Gorilla Glass 5 имаше 80% шанси да преживее пад од 1,6 метри (GG6 имаше поголем процент на истата височина).

Gorilla Glass Victus на Knoop тестот на издржливост на гребнатини имаше само помали гребнатини на осмата Newton скала, додека конкурентските стакла поминаа полошо со половина применета сила.

Samsung ќе биде првата компанијата која ќе претстави производ со Gorilla Glass Victus заштита во блиска иднина, а и другите компании подготвуваат премиум смартфони кои ќе го користат новото Corning стакло.