Во последно време кружат многу гласини за плановите на Apple за идните модели на iPad. Имавме информации дека наскоро ќе добиеме освежен iPad, кој ќе добие 10,5-инчен дисплеј и подобар процесор и кој ќе се појави напролет следната година. Имавме и гласини кои сугерираат дека новиот iPad може да пристигне со мини-LED дисплеј во текот на првата половина на 2021. година. Исто така, се зборуваше дека наредната година може да се појават iPad уреди со OLED екрани, но сега новите гласини тврдат поинаку.

Според аналитичарите на Barclay, новите iPad Pro модели со OLED екран нема да бидат објавени во текот на 2021 година. Информацијата доаѓа како дел од истражувачката работа во која се тврди дека Pad со OLED екран нема да видиме пред 2022 година.

Apple веќе користи OLED дисплеи за своите модели на iPhone од 2017 година, кога компанијата го објави iPhone X, а технологијата ја користи и на поновите Apple Watch модели. Објавата на iPad со OLED екран би овозможила поголема осветленост, пошироки агли на гледање, подобрена ефикасност на батеријата и друго.

Најновото освежување на iPad Pro моделите донесе A12Z Bionic процесор, ултра-широка камера, LiDAR скенер  и подобри звучници.