Instagram има неколку нови функции, а најновите ажурирања за услугата ќе им овозможат на корисниците подобро и полесно да ги споделуваат своите објави и да учествуваат во разговори и пораки.
Опцијата Instagram DM (Direct Messages) сега добива можност да се одговара на нови пораки додека ја прегледувате содржината на сервисот. Тоа значи дека корисникот нема да мора да го прекинува процесот на прелистување на содржината, а апликацијата ќе ви овозможи брзо да одговорите од местото каде што сте моментално.
Доколку наидете на нешто интересно што би сакале да го споделите со другите, можете да го направите тоа побрзо со притискање и држење на копчето „send“. Ќе ви биде понудена листа на „најблиски пријатели“ на кои можете да ја споделите објавата, сето тоа без да го прекинете прегледот на содржината.
Новитети за Instagram се и „тивки пораки“, па известувањата нема да се појавуваат на пријателите со кои контактирате. Ова ќе биде корисно ако препраќате пораки и содржини на други доцна во ноќта или ако не сакате да ги вознемирувате на друг начин.
Претходната функција веќе постои на Messenger, кој покрај Instagram исто така е во сопственост на Meta. Некои други функции, кои веќе ги има Messenger, а сега ги има и Instagram, се нова тема за lo-fi разговори, како и за испраќање анкети во групни разговори.
Instagram добива интеграција и со некои од најпопуларните услуги за стриминг музика, како што се Spotify, Apple Music и Amazon Music. Корисниците ќе можат да слушаат 30 секунди од песната директно во разговорот.
Се очекува дека сите овие функции, кои пристигнуваат на Instagram, дополнително ќе ја подобрат комуникацијата помеѓу корисниците на оваа популарна платформа.
Поврзани артикли