Motorola закажа настан за 7. јули, но не објави детали за тоа што планира да претстави. Можно е дека во прашање е Edge Lite, кој неодамна доби FCC сертификат за 4700mAh батерија и 5G поддршка.

FCC не открива други детали за Edge Lite моделот, но посебните протечени вести укажуваат на Snapdragon 765 чипсет, до 6GB RAM и до 128GB простор за складирање.

Edge Lite ќе го користи Android 10, а ќе има 6,7-инчен 90Hz FullHD+ екран, со 21:9 однос на страници. Под екранот ќе биде сместен сензор за отпечатоци од прсти, а во горниот лев агол е главната селфи камера од 8MP, со 2MP сензор на длабочина.

На задната страна на уредот се очекува 48MP главна камера, заедно со 16MP, 8MP и 5MP сензори. Телефонот ќе се полни преку USB-C порт со брзина до 18W, а ќе има и NFC и dual-SIM поддршка.

Гласините сугерираат дека Motorola Edge Lite ќе има почетна цена од 399 евра во Европа.