Нечинот на кој се користи Instagram функцијата за ембедирање може наскоро значајно да се промени. Во соопштение за Ars Technica, Instagram истакна дека на луѓето кои ја користат неговата функција за ембедирање не им дава дозвола за авторски права, за да ја прикажат фотографијата која ја ембедираат.

„Иако условите ни овозможуваат да доделиме под-лиценца, не ја даваме за нашиот embed API“, истакна PR на Facebook. „Нашите насоки на платформата бараат третите лица да имаат неопходни права од соодветните носители на правата. Тоа вклучува и обезбедување на лиценца за делење на оваа содржина, дололку лиценцата е законски потребна“.

Со други зборови, поединците, претпријатијата и публикациите мораат од некого да бараат засебна лиценца ако сакаат да ги делат содржините со користење на Instagram embed функцијата. Доколку тоа не го направите, би можело да доведе до тужба поради авторските права.

Бидејќи професионалните фотографи веројатно ќе ја поздрават најавата на Instagram, тешко е да се претпостави каков ефект оваа политика ќе има на редовните корисници. Доколку компанијата не истакне појаснување на политиката, поголем дел од луѓето нема да знаат дека треба да добијат дозвола пред да можат да ембедираат нечија фотографија. Instagram, исто така и соопшти на Ars Technica дека истажува начини како на корисниците да им пружи поголема контрола над тимот кој може да ги ембедира нивните фотографии.