Компанијата Facebook првпат ги отвори вратите на својот центар за бришење содржини во Есен во Германија. Во петкатна зграда повеќе од 500 работници работат на секојдневно бришење коментари, фотографии и видеоснимки што ги кршат правилата на Facebook.

Вработените секојдневно мора да ги прегледуваат вознемирувачките снимки и фотографии, а голем дел од нештата што мора да ги избришат се однесуваат на говор на омраза, спамови и содржини кои содржат лажни вести, потврди портпаролот на овој центар за бришење содржини во Есен.

Овој центар е задолжен за бришење содржини од целиот свет, не само од Европа. Компанијата го отвори овој центар во октомври минатата година и е втор од овој вид во Германија, а првиот се наоѓа во западниот дел на Берлин.

Новинарите што биле во посета не смееле да разговараат со вработените во текот на 30-минутната посета, а работниците во тој период не работеле ништо од безбедносни причини. Како и мнозинството од денешните компании, така и просторот во оваа зграда е од отворен тип, што значи дека сите заедно се сместени во голема просторија исполнета со бироа со компјутери.

Од Facebook истакнуваат дека бројот на постови што корисниците ги пријавуваат се бројат во милијарди. На овој линк можете да погледнете повеќе фотографии од центарот за бришење содржини на „Фејсбук“ во Есен.