Apple треба да ја претстави следната серија на iPhone на есен оваа година. Тоа ќе биде серијата iPhone 14.

Според досегашните информации, тој ќе вклучува четири модели, при што верзијата Mini ќе го замени моделот Max. Сега познатиот аналитичар пренесува уште неколку информации за серијата iPhone 14, кои многумина ќе ги поздрават.

Минг-Чи Куо е еден од најпознатите аналитичари и информатори во светот на паметните телефони. Тој е особено познат по информациите за уредите на Apple. Сега пренесува детали за предната камера на моделите на iPhone 14. Имено, Куо наведува дека Apple оваа година ќе ја подобри предната камера на серијата iPhone 14.

Тој известува дека сите четири модели од серијата iPhone 14 – iPhone 14, iPhone 14 Max, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе имаат надграден сензор за предна камера, со отвор од f/1.9 и поддршка за автофокус. Оваа информација секако ќе ги воодушеви оние кои сакаат да прават селфи фотографии, а такви денес ги има многу.

За потсетување, селфи камерата моментално на моделите на iPhone 13 доаѓа со отвор на блендата од f / 2.2 и фиксен фокус, па доколку изјавите на Куо се покажат точни, ова ќе биде значително подобрување на предната камера.

Со поширока бленда, моделите на iPhone ќе можат да примаат повеќе светлина. Куо известува дека подобрувањето на предната камера ќе вклучува подобрен ефект на длабочина на поле, како и подобрени видеа за Portrait Mode.

Од друга страна, поддршката за автоматско фокусирање ќе го подобри фокусот за време на FaceTime повик или видео повик користејќи други апликации.

Куо пред извесно време најави дека оваа година Apple значително ќе ги оддалечи моделите Pro од обичните и моделите Max. Тој изјави дека iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе се испорачуваат со Apple A16 Bionic чипот, додека другите два модели – iPhone 14 и iPhone 14 Max ќе бидат испорачани со истиот чип како и iPhone 13 моделите – Apple A15 Bionic.