Најголемата суперјахта на светот наскоро ќе стане реалност, а во себе ќе содржи 39 апартмани по почетна цена од 11 милиони долари.

Суперјахтата е наречена Somnio, а истата треба да биде најголемата јахта на светот и по должина и по простор, а во 2024 година ќе биде лансирана, пренесува CNN.

Суперјахтата Somnio, што на латински јазик значи „да сонуваш“, ја креирале компаниите „Winc h Design“ и „Tillberg Design“ од Шведска, а треба да ја конструира норвешки дизајнер и градител на бродовите „VARD“ по цена од речиси 600 милиони долари.

Гигантското пловило ќе биде опремено со 39 апартмани на шест катови, а ќе поседува и ресторани и барови.

Меѓутоа, постапката за купување е „само преку повик или препорака“, а почетната цена на апартманите е над 11 милиони долари.

Портпаролот на проектор за CNN Travel потврдил дека некои од апартманите на јахтата се веќе распродадени.

Соопштено е и дека идентитетот на сопственикот ќе е во тајност и дека секој од 39-те апартмани ќе содржи „посебни функции“ по желба на купувачот.

„Somnio ќе биде една суперјахта за престојување во светот и дизајнирана е така што ги почитува стандардите кои се во состав со животната околина“, изјавил капетанот на јахтата Ерик Бреде.

Извор: Blic.rs