Новата фотографија објавена од американската вселенска агенција НАСА го покажува јужниот крарер кој е замрзнат.

Инструментот HiRISE, кој се наоѓа на Mars Reconnaissance Orbiter на НАСА, или скратено MRO, направи фотографија од замрзнатата површина на Црвената планета. Зимите на Марс знаат да бидат многу студени, а температурите во близина на половите паѓаат до минус 126 степени. Како резултат на тоа, во некои делови на планетата може да се формира слој од замрзнат јаглерод диоксид или сув мраз.

До средината на зимата, која трае четири месеци, мразот може да се прошири од половите до средните географски широчини, каде што почнува да се топи поради топлината на сончевите зраци. Тоа може да се спореди со географската ширина на Јужна Канада на Земјата, соопшти НАСА.

Орбитерите можат да забележат мали замрзнати делови на падините свртени кон половите кои се поблиску до екваторот. Овие локации се изложени на пониски температури бидејќи добиваат помалку сончева светлина, поради што мразот од јаглерод диоксид не се топи.

Најновата фотографија ја прикажува јужната хемисфера на Марс во средината на зимата, а фотографиран е и кратер кој се наоѓа на локација блиску до 37 степени јужна географска ширина.

Јужната падина свртена кон југ е покриена со посветол мраз од јаглерод диоксид, кој изгледа сино на фотографијата направена од орбитарот. Фотографијата откри сув мраз во и околу клисурите на падината, кои се издлабени од струи од отпад што се појавуваат во потоплите месеци.