Рестилизираниот теренец веројатно најавува нов дизајнерски јазик на баварскиот производител.

BMW го редизајнираше својот најголем SUV, а првото нешто што ви привлекува внимание е значително изменетиот преден дел на возилото, со сосема нови, дводелни фарови.

А бидејќи љубителите на овој бренд се навикнаа на големата решетка на ладилникот која краси многу модели на BMW во последните години, Баварците им приредија ново изненадување.

Новите фарови од двата дела веќе ги коментираат фановите на форумите на BMW, откако ги видоа фотографиите од освежениот X7, а мислењата се поделени.

Но, факт е дека производителот се потрудил да редизајнира не само со мало затегнување на брчките, туку е направена сериозна естетска процедура.

Покрај тоа, со новиот дизајн, BMW X7 сега е достапен за прв пат со опционални тркала од 23 инчи.

Стандардно има седум седишта во три реда, со можност за нарачка на луксузни конфигурации со две посебни седишта-фотелји во вториот ред, со што вкупниот број на седишта за патници се намалува на шест.

Сите седишта имаат опционално греење (стандардно во предниот ред), како и потпирачи за раце и држачи за чаши. Гледајќи нагоре, открива и стандарден, панорамски стаклен покрив со три елементи.

Во внатрешноста на возилото доминира голем, малку заоблен дигитален екран, кој се состои од 12,3-инчен дисплеј (инструмент табла) и 14,3-инчен екран на допир кој му служи на мултимедијалниот систем.

Сите три достапни мотори се „лесни“ хибриди од 48 волти, а се споени со нов осумстепен автоматски спортски менувач.

На врвот на гамата е X7 M60i xDrive, кој го придвижува 4,4-литарски V8 турбо бензинец со 530 КС и 750 Nm (4,7 секунди до 100 km/h).

Основната верзија е xDrive40i со линиски 3.0 6-цилиндричен мотор од 380 КС (47 КС повеќе од пред редизајнот) и 520 Nm (540 Nm со електрична поддршка).

Единствениот „дизелаш“ што се нуди е трилитарски со 352 КС и 700 Nm (720 Nm со електрична поддршка).

Забрзува за 6,1 секунди до 100 km/h и просечно троши од 7,6 до 8,7 l/100 km, според фабричките податоци.

BMW X7 нуди и систем за камера што може да се користи за снимање до 60 секунди од околината во секое време додека возите. Во случај на несреќа, автоматски се снима 20 секунди пред ударот и 40 секунди после.

Доколку автомобилот е украден, сопственикот добива порака преку паметен телефон, по што може да го активира фотографирањето на камерата на предните, задните и страничните ретровизори.

Рестилизираниот BMW X7, како и досега, ќе се произведува во фабрика во Спартанбург, Јужна Каролина, а на пазарот ќе пристигне во текот на летото.