Популарната платформа YouTube започна со тестирање на нова услуга, односно бесплатен стриминг на ТВ канали поддржан од реклами.

YouTube моментално преговара со различни компании со цел да понуди ТВ емисии, филмови, па дури и целосни ТВ канали на својата платформа. Всушност, веќе започна тестирањето на одреден број корисници на видео сервисот.

Засега YouTube го проценува интересот на гледачите и ако се оди според планот, платформата во сопственост на Google би можела да бара 45 отсто од приходите генерирани од реклами. Ова е исто така договор помеѓу YouTube и креаторите на содржини.

Се чини дека ова е уште еден обид на YouTube да го прошири својот бизнис. Неодамна, платформата постигна договор со NFL Sunday Ticket и ќе обезбеди преноси преку YouTube TV и YouTube Primetime каналите почнувајќи од оваа година.

Исто така, YouTube почнува да ги споделува приходите од реклами со креаторите на YouTube Shorts, па би требало да стане попрофитабилен од мегапопуларниот TikTok.