Корисниците на WhatsApp сега можат да одговараат на пораките со емотикони: палци нагоре, лице кое се смее, лице кое плаче и раце кои се молат.
WhatsApp објави дека во својата апликација за разговор додава реакции преку емотикони, што ќе им овозможи на корисниците да ги изразат своите реакции и чувства кога станува збор за одредена порака, сето тоа без потреба да испраќаат поединечни емотикони како порака.
We’re excited to announce that reactions are coming to WhatsApp starting with ?❤️???? and with all emojis and skin-tones to come. pic.twitter.com/086JnVS5Ey
— Will Cathcart (@wcathcart) April 14, 2022
Иако компанијата ги најави реакциите со својата нова функција за заедниците, официјалните лица од Мета истакнаа дека реакциите ќе бидат достапни за сите разговори, кога ќе бидат објавени, што ќе се случи наскоро.
Функцијата првично ќе биде релативно ограничена и ќе нуди реакции со само шест емотикони, но додадено е дека во иднина ќе бидат поддржани повеќе емотикони, како и тонови на кожата.
Покрај тоа, WhatsApp најави дека ќе им овозможи на корисниците да споделуваат многу поголеми датотеки, па максималната големина на споделените датотеки ќе биде 2 GB, наместо сегашните 100 MB. Исто така, зголемен е и бројот на лица кои можат истовремено да бидат во гласовен повик, од осум на 32.
Поврзани артикли