Според неодамнешно истражување спроведено во САД, социјалната мрежа Snapchat повеќе не е најпопуларна меѓу тинејџерите

Snapchat со години беше омилена социјална мрежа меѓу тинејџерите кои што сакаа да побегнат од Facebook со оглед на тоа што најголемата социјална мрежа на светот стана толку голема, што ги привлече татковците, мајките, бабите, дедовците…

Сепак, Snapchat во последно време се соочува со големи проблеми кои што кулминираа со промената на дизајнот на апликацијата. Првиот човек на компанијата, Иван Шпигел не сакаше да се врати на стариот дизајн и да ги послуша корисниците, па се чини дека тоа сега му се удира од глава.

Според последниот извештај на аналитичката компанија “Piper Jaffray”, во Соединетите Американски Држави, Snapchat повеќе не е најкористената апликација меѓу тинејџерите. На првото место моментално се наоѓа уште една социјална мрежа која што е во сопственост на Марк Цукерберг – Instagram.

Истражувањето покажало дека Snapchat и натаму месечно барем еднаш го користат 84% од испитаните, додека таа бројка кога е во прашање Instagram изнесува 85% со тенденција разликата во корист на социјалната мрежа на Закерберг да порасне во иднина.

Една работа сепак е позитивна за Snapchat во ова истражување, а тоа е популарноста – на 46% од тинејџерите тоа им е најомилената социјална мрежа, додека Instagram е најпопуларен кај 32% од тинејџерите. Што се однесува до Facebook, оваа социјална мрежа која што е убедливо најголема на светот, во САД ја користат само 36% од тинејџерите, а таа им е најомилена на само 5% од испитаниците.

Освен на Instagram и Snapchat, американските тинејџери најмногу време поминуваат и на YouTube и Netflix – дури 38% од времето кога гледаат видео содржини го минуваат на Netflix, а 33,1% од времето го поминуваат на YouTube.

Треба да се истакне дека во резултатите на ова истражување, се нагласува се поголемата популарност на YouTube – оваа платформа за видео содржини од 2015-та година пораснала од 21,4% на 33,1%.

Извор: Zimo.hr