Јужнокорејската компанија објави дека постоечките флексибилни телефони Samsung ќе добијат наследници подоцна во текот на годината.

Потпретседателот на Samsung за мобилниот бизнис, за време на последниот финансиски извештај на компанијата, навести за претстојните телефони со флексибилни екрани.

„Во моментов сме зафатени со подготовка на нов флексибилен модел, кој се планира да излезе во втората половина на годината“, изјави Ким Сунг-ку.

Тој исто така додаде дека Samsung планира да ги направи телефоните со флексибилен екран еден од темелите на бизнисот на компанијата, заедно со телефоните од серијата Galaxy S. Ова дополнително покажува колку е сериозен Samsung во своите намери кога станува збор за флексибилни телефони.

Јужнокорејскиот гигант постигна значителен напредок со моделите Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3, а претстојните флексибилни телефони се очекува да бидат уште подобри и поквалитетни.

Претходно имаше информации дека компанијата може да произведе поевтин Galaxy Z Fold Lite модел, но досега тоа не се реализира.