Новата студија на аналитичката компанија Check Point укажа на голем број апликации, кои се преправаат дека се антивирусни програми, а всушност шират малициозен софтвер Sharkbot преку Google Play Store.

Овој опасен малициозен софтвер краде податоци и информации за банкарска сметка од корисниците на Android, а потоа ги мами да ги внесат своите податоци во прозорец што имитира легитимна форма.

Штом сметката е заразена, малверот ја презема контролата врз голем дел од уредот на жртвата. Истражувачите на Check Point пронајдоа вкупно шест малициозни апликации, кои заразиле најмалку 100 индивидуални IP адреси во рок од една недела.

Споменатите апликации вклучуваат: Atom Clean-Booster – Antivirus; Antivirus – Super Cleaner; Alpha Antivirus – Cleaner; Powerful Cleaner – Antivirus и Center Security – Antivirus.

Check Point ја пријави својата анализа и откритие до Google, кој презеде акција за отстранување на апликациите од Play Store. Проблемот е што некои од овие апликации сè уште постојат во понудата на неофицијални продавници за апликации.

На корисниците им се препорачува веднаш да ги избришат доколку имаат инсталирано некоја од овие апликации на своите уреди, како и да ги променат лозинките на нивните сметки на Google.