Се почесто гледаме информации за претстојната iPhone 12 линија смартфони, вклучувајќи го речиси завршениот дизајн и дел од спецификациите. Овој пат го имаме и првите информации за цената на телефоните.

Изворите на овие информации сугерираат дека iPhone 12 Pro, со екран од 6,1-инчи ќе чини 999 долари, додека iPhone 12 Pro Max ќе има цена од 1099 долари. Поевтините модели во новата линија ќе биде наследникот на iPhone 11 со 6,1-инчен дисплеј, чија очекувана цена ќе изнесува 749 долари, како и помала варијанта со 5,4-инчи по цена од 649 долари.

Сите споменати модели се очекуваат со 5G поддршка, OLED екрани, како и систем со две камери за поевтините модели.

Секако, цените би можеле да се променат пред објавата на телефоните. Оваа година имавме значајно зголемување на цените на премиум Android уредите со 5G поддршка, но изгледа дека Apple нема дополнително да ги зголемува цените на iPhone 12 моделите со 5G.

Изворите, исто така, очекуваат iPhone 12 моделите да пристигнат нешто подоцна од вообичаеното, поради Ковид-19 пандемијата, а се сугерира дека ќе се појават во периодот октомври-ноември.