Илон Маск, кој деновиве стана најголемиот акционер на Твитер, објави анкета на популарната страница во која бара од корисниците да гласаат дали сакаат копче за едитирање на твит.
Тој намерно погрешно напиша „yse“ и „on“ во анкетата, што може да изгледа како шега додека не видите дека анкетата е ретвитана од извршниот директор на Твитер, Параг Агравал.
Do you want an edit button?
— Elon Musk (@elonmusk) April 5, 2022
„Последиците од оваа анкета ќе бидат важни. Ве молиме гласајте внимателно“, рече Агравал.
The consequences of this poll will be important. Please vote carefully. https://t.co/UDJIvznALB
— Parag Agrawal (@paraga) April 5, 2022
Неговиот коментар сугерира дека резултатите од анкетата би можеле да доведат до конечно имплементирање на копчето за измена на твитовите на социјалната мрежа.
Голем број твитерџии со години бараат додавање на копчињата „edit“, но Твитер упорно ги одбиваше овие барања. Сега, Маск, кој беше активен и гласен на Твитер уште пред да купи акции во компанијата, може да послужи како катализатор за компанијата да го промени својот став.
Останува да видиме дали Твитер веднаш ќе почне да работи на оваа функција, доколку победи опцијата „yse“. Интересно, на 1 април Твитер објави дека работи на копчето „edit“, но тоа беше првоаприлска шега.