Apple не го промени дизајнот на својот модел iPhone SE 2022, иако има имплементирано малку поголема батерија во споредба со неговиот претходник. Се чини дека ова не помогна многу за да се зголеми животниот век на телефонот со едно полнење.

Како резултат на сето ова, iPhone 13 mini успеа да излезе како победник на тестот за автономија на батеријата во однос на моделот iPhone SE 2022, и покрај тоа што двата телефони користат ист чипсет A15 Bionic.

Покрај двата споменати телефони, jутјуберот Брендон Буч ги тестираше и iPhone 13, iPhone 12 и iPhone XR. Интересно е што iPhone 13 mini има поголема резолуција на екранот од iPhone SE 2022, но сепак постигна резултат од пет часа и 55 минути, додека iPhone SE траеше пет часа и 16 минути.

Буч истакнува дека апликацијата за камера има значително влијание врз траењето на батеријата на моделот iPhone SE 2022. Секако, потребно е да се истакне дека капацитетот на батеријата на двата уреди е различен, што исто така имаше големо влијание врз крајниот резултат.