Милијардерот Илон Маск сега поседува 9,2% од пасивните акции на Twitter Inc., според американската Комисија за хартии од вредност (SEC).

Со оглед на тоа што Маск поседува повеќе од 73 милиони акции, а нивната цена на затворањето на берзата во петокот беше 39,31 долар, вредноста на неговиот удел сега изнесува 2,9 милијарди долари.

Потегот на Маск доведе до нагло поскапување на акциите на Твитер, па по објавувањето на документацијата, уште пред официјалното отворање на берзата, забележаа пораст од 25,77 отсто.

Основачот на Tesla и SpaceX неодамна истакна дека сериозно размислува да изгради нова платформа во секторот на социјалните мрежи.

Кон крајот на минатиот месец, Маск ги праша следбениците на Твитер за мислење за тоа дали платформите на социјалните медиуми ја промовираат слободата на говорот.

„Слободата на говорот е неопходна за да функционира демократијата. Дали мислите дека Твитер ригорозно се придржува до овој принцип? Дали е потребна нова платформа?“, предложи Маск.