Motorola подготвува два телефона од G серијата, кои ќе дебитираат на индискиот пазар, а во прашање се Moto G60 и Moto G40 Fusion. Сега дојавувачот Мукул Шарма сугерира дека двата уреда ќе имаат високи стапки на освежување, како и дека ќе ги напојуваат големи батерии.

Според извештаите, се очекува дека Moto G40 Fusion и Moto G60 ќе имаат екрани со поддршка за освежување од 120Hz и батерија со капацитет од 6000mAh.

Дојавувачот не откри информации за големината на екраните на двата смартфона, а рендерите што неодамна се појавија откриваат екран со засек за селфи камерата. Се очекува и поддршка за брзо полнење.

На почетокот на оваа недела беше откриено дека телефоните ќе ги покренува Snapdragon 732G чипсет, а двата модела ќе се разликуваат на полето на камерите.

Moto G40 Fusion би требало да има 16MP предна камера и 64MP главна камера на задната страна. Moto G60 може да има 32MP селфи камера и главна камера од 108MP на задната страна. Двата модела ќе имаат и дополнителни камери од 8MP и 2MP.